Во ситуација на повторна ескалација на состојбите на Блискиот исток, повторно доаѓа денот кога ќе се одлучува за цената на горивата во следната недела.
Одлуката поради денешниот празник во РКЕ ќе се носи утре, а новите цени во Македонија ќе важат од среда.
Цената на нафтата од типот брент се движи околу 102 до 103 долари за барел, што е нешто поевтина во однос на минатата недела.
Властите во земјава најавија дека е можно намалување на цените за околу 2 денари, но сепак конечната одлука ја носи РКЕ врз основа на посебна методологија.
Вo моментов актуелни се следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 83.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 85.5 ден/л
ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 100 ден/л
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
