Септемвриските пензии ќе бидат покачени за речиси 6 отсто, за две години пораснале за 24%

Последните податоци покажуваат дека замрзнатите пензии се минато

Од јануари минатата година до септември 2023 година кога се очекува новото зголемување, пензиите пораснале за цели 24 проценти.

Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја.

По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.

Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто.

Растот на пензиите ќе продолжи систематски и тоа два пати годишно.

Можеби ќе ве интересира...

Клиентите на апликациите на Apple можат да поднесат колективни тужби против компанијата

BiznisPRO

Летно сметање на времето – Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред

BiznisPRO

Унгарија бара од ЕУ да преземе мерки против бугарскиот транзитен данок на рускиот гас

BiznisPRO