Заеднички регионален пазар за поблиска интеграција во ЕУ

Скопје, 1 март 2024. – Регионалниот самит „Раст и конвергенција за Западен Балкан“ кој се одржа во Тирана, ги собра лидерите на економиите од Западен Балкан, претставници на релевантни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон ЕУ со цел да се направат конкретни индивидуални и заеднички чекори кон исполнување на двата главни столба на новиот План за раст за Западен Балкан.

„Новиот План за раст за Западен Балкан обезбедува врска меѓу работата на ЦЕФТА во рамките на Заедничкиот регионален пазар и пристапот до Единствениот пазар на ЕУ. Најопиплив пример за оваа врска е проширувањето на Зелените коридори до граничните премини со соседните пазари на ЕУ и другите царински договори за соработка кои ќе ги направат овие премини поефикасни“, истакна Данијела Гачевиќ, В.Д директор на ЦЕФТА.

Средбата во Тирана следеше по средбата „Западен Балкан се среќава со ЕУ“ во Скопје, како и по Инвестицискиот самит на Западен Балкан од страна на ЕБРД во Лондон и претставува порака дека регионот достигнал ново ниво на зрелост и стабилност.

„Имплементацијата на тековниот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар и развојот на новиот се клучни за создавање на нови трговски можности, привлекување на инвестиции и засилување на соработката во ЦЕФТА и со ЕУ“, изјави Гачевиќ.

ЦЕФТА работи на повеќе од 20 иницијативи за кои се очекува да донесат конкретни придобивки за бизнисите и луѓето во регионот. Лидерите на Западен Балкан и Европската Унија заеднички ќе одлучат кои од овие ќе бидат проширени кон односите со ЕУ. Покрај Зелените коридори, работата на ЦЕФТА ќе биде суштинска во таканаречените АСАА договори, кои овозможуваат безвизно патување за индустриски стоки, олеснување на електронската трговија, укинување на гео-блокирањето итн.
Неодамна усвоениот Нов план за раст на Европската комисија за Западен Балкан ја препознава ЦЕФТА како централен механизам за управување со Заедничкиот регионален пазар. Од четирите столба на Планот за раст, ЦЕФТА ќе се фокусира на два кои се однесуваат на засилување на економската интеграција во рамките на Западен Балкан и со ЕУ. Овие стратегиски цели ја позиционираат ЦЕФТА да игра клучна улога во поврзувањето на регионот со единствениот пазар на ЕУ, приоритизирајќи слободен проток на стоки, услуги и работници, пристап до единствениот платежен простор на еврото (SEPA) и единствениот дигитален пазар.

Можеби ќе ве интересира...

„Ербалтик“ ќе лета од Рига за Скопје од 2 мај

BiznisPRO

ФИТР: Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“

BiznisPRO

Лоша вест: Поскапуваат бензините и нафтата

BiznisPRO