Силен раст на доларот, фунтата долго не била толку блиску

Вредноста на британската фунта денеска падна под симболичната вредност од 1,1 долар и се приближи кон историскиот минимум, последица на загриженоста кај инвеститорите од ситуацијата во јавните финансии и во мигови кога Велика Британија веројатно е навлезена во рецесија.

Британската валута денеска падна за 2,56 проценти во однос на американскиот долар и попладнево се менува за 1,0972 долари, ниво што не е достигнато од 1985 година, кога фунтата беше на историскиот минимум од 1,0520 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата потонаа

BiznisPRO

Доби отказ од банка поради сендвич и кафе: Не правете го ова во работно време бидејќи ЗАКОН Е НА СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ

BiznisPRO

Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа

BiznisPRO