Силен скок на цената на нафтата

Речиси 79 долари изнесува цената на нафтата од типот брент за еден барел.

Раст бележи и ВТИ круд која достигна речиси 75 долари.

Стравувањата од ескалацијата на конфликтот и евентуален напад од страна на Израел врз нафтените постројки во Иран си го направија своето. Аналитичарите предвидуваат дека доколку продолжи ваквиот тек можеби нафтата ќе достигне и до 100 долари за барел, а ова ќе значи зголемување на бензинот и дизелот кој ионака е со висока цена во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира...

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25%, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

BiznisPRO

Заработуваат дури 3.228 евра месечно: Објавена просечна плата во Хрватска

BiznisPRO

Се готват нови цени на горивата – РКЕ пред одлука

BiznisPRO