Заработуваат дури 3.228 евра месечно: Објавена просечна плата во Хрватска

Просечната месечна бруто плата на вработените во Загреб во 2023 година изнесувала 2.041 евро, што е зголемување за 2,7 отсто во јануари и 11,4 отсто во 2023 година.

Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето плата за февруари е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во износ од 3.228 евра.

Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 855 евра.

Просечната нето плата за февруари изнесува 1.186 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.

Споредено со просечната месечна плата за февруари во Хрватска, која изнесувала 1.248 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец била за 191 евро повисока.

Можеби ќе ве интересира...

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

BiznisPRO

По 11 години: Зголемен кредитен рејтинг

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO