Аргентинската влада денеска на 15 дена го прекина извозот на говедско месо, со цел да ги стабилизира цените на домашниот пазар.
Мерката е донесена во пресрет на договор за цените со конзорциумот на производители, а без договор нема да има дозволи за извоз.
Аргентинскиот пезос падна за повеќе од 20 отсто во понеделникот по резултатите од прелиминарните избори, на кои победи екстремно десничарскиот политичар и економист Хавиер Мајли.
Цената на говедското месо скокна за 20 до 30 отсто.
Ова не е првпат аргентинските власти да прибегнуваат кон прекин на извозот на месо со цел да ги регулираат цените на домашниот пазар, пренесува ТВ каналот ТН.
Слична одлука беше спроведена и пролетта 2021 година поради континуираното зголемување на цените.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...