Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

Очекуваната наредна корекција на минималната плата, според надлежните, повторно ќе биде пресметувана според комбиниран модел – раст на животни трошоци, продуктивност и економски индикатори и тоа ќе биде традиционално согласно законот во март 2026.

Детали и официјален износ засега нема, но најавите од институциите укажуваат дека покачувањето ќе биде формализирано во наредниот период.

Додека се чека официјалното решение, реалниот предизвик останува — како да се издржат преостанатите месеци до новата корекција. Дел од познавачите оценуваат дека токму „меѓупросторот“ меѓу две покачувања е најтежок, бидејќи цените продолжуваат да се движат нагоре, а приходите се сè уште на старото ниво.

Економисти препорачуваат во периоди на „чекање“ на нов износ на минималната плата, граѓаните да применуваат краткорочна финансиска дисциплина – сведување на непотребни трошоци, приоритетни листи за набавки и рационално планирање на месечните расходи. Дополнителни мали приходи преку микро-услуги и сезонска работа, велат аналитичарите, можат привремено да ја ублажат разликата меѓу реалните трошоци и сегашните примања, пишува Centar.mk.

Во суштина покачувањето ќе дојде со оглед на високата инфлација, но товарот на реалноста се чувствува токму до моментот кога истото ќе стапи на сила. За многу домаќинства, токму следните неколку мсеци ќе бидат најкритични, затоа што доаѓа период на Новата година, големи празници, слави и имендени кои традиционално се прославуаат со побогата трпеза.

Во Македонија минималната плата изнесува неполни 400 евра, додека пак во соседството веќе Владите најавија силно зголемување на минималецот, па така во Албанија, Србија и Косово веќе во 2026-та ќе биде исплаќана минимална плата од над 500 евра, додека во Бугарија таа ќе изнесува над 620 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

BiznisPRO

Се токмат нови цени на горивата – Колкава ќе биде корекцијата на РКЕ

BiznisPRO

УЈП со важно соопштение до компаниите

BiznisPRO