Српски Телеком влегува на македонскиот пазар и со телефонски услуги и со сателитска ТВ

Телеком Србија, државната српска комуникациска компанија најави дека за една недела стартува со деловни активности на македонскиот пазар. Плановите им се догодина да почнат и со телефонски услуги во Македонија.

-На 16-ти ноември ја отвораме првото претставништво во Северна Македонија. Почнуваме со сателитска телевизија. Во март или во април наредната година планираме да почнеме и со мобилна телефонија. Телеком благодарение на партнерството со Водафон дополнително ќе се шири, изјави Владимир Лучиќ генералниот директор на Телеком Србија.

За претходната година Телеком Србија ќе подели дивиденда во вредност од 4,16 милијарди долари односно околу 35,78 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука: Ново поскапување на бензините и дизелот – ова се новите цени

Бизнис про

Ефектот на поевтината струја: Производните цени во Германија паднаа за прв пат од крајот на 2020 година

Бизнис про

Во октомври два неработни денови – Кога ќе одмараме до крајот на годината?

Бизнис про