• септември 24, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ССК и Бизнис Академија Смилевски заеднички ќе инвестираат во човечкиот капитал

ССК и Бизнис Академија Смилевски заеднички ќе инвестираат во човечкиот капитал

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката дејност и приватниот сектор со цел инвестирање во човечкиот капитал е фокусот на соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Бизнис Академија Смилевски БАС, која вчера доби правна рамка со потпишување на Меморандум за соработка. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорката на БАС, Маја Кузмановска.

На настанот организиран за потпишување на документот претседателот на Сојузот, Ангелоски ја акцентираше важноста на човечкиот капитал за динамичен економски развој.

„Човечкиот капитал е еден од главните елементи за иден, успешен и динамичен економски развој, затоа и вложувањето во него треба да е приоритет за сите општествени чинители, пред се државите институции и приватниот сектор. Соработката која ја официјализираме всушност ќе даде придонес кон унапредување на вештините и знаењето на младите во насока на нивно совпаѓање со потребите на пазарот, а исто така заеднички ќе работиме на поттикнување на истражувачката дејност и иновациите како значајни сегменти за иден развој“, истакна Ангелоски.
Меморандумот предвидува размена на кадри во формирање на истражувачки и консултантски тимови за заеднички потфати, вклучувајќи и заедничко основање на повремени или трајни организации и асоцијации. Согласно документот за соработка ќе се иницираат заеднички истражувачки проекти, меѓународни проекти, научни собири, обуки, пракса во различни области.

БАС е акредитирана високообразовна установа која успешно функционира во областа на високото образование уште од 2007 година, а студиските програми се подготвуваат согласно промените на пазарот со цел да се понуди практично и применливо знаење на студенти.

“Со оглед на фактот дека праксата е задолжителен дел од студиите, поврзувањето со бизнис секторот ни е од исклучително значење. Моментално соработуваме со голем број партнерски организации кои несебично го споделуваат своето знаење и експертиза. Соработката со Сојузот на стопански комори ни отвора нови можности пред се како институција, за заедничко делување во повеќе области. Особено во услови на голем одлив на млад кадар, заеднички ќе се бориме да ја задржиме нашата млада генерација и истовремено да помогнеме во идентификување на профили кои недостигаат“, истакна Кузмановска.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…