Студенти од Brainster Next го дизајнираат новиот Limited Edition изглед на „Златен Даб“

Студенти од UX/UI и графички дизајн на Brainster Next колеџот викендов работат на дизајн на новата Limited Edition лименка на пивото „Златен Даб“, во рамки на креативниот хакатон реализиран во соработка со Прилепска пиварница.

Хакатонот се одвива како интензивен 48-часовен дизајнерски процес, во кој студентите работат со реални агенциски насоки и јасно дефинирани цели за создавање на дизајн кој ќе ја отсликува младоста, автентичноста и забавниот карактер на брендот.

Дизајните кои ќе се натпреваруваат за можноста да станат вистински прoизвод и дел од брендингот на „Златен Даб“, според насоките, треба да понудат индивидуален креативен израз, но и да создадат моментална емоција кај публиката дека станува збор за нешто ново, современо и уникатно.

Од Brainster Next посочуваат дека ваквите соработки се дел од нивниот образовен модел, кој се темели на практична настава, реални проекти и директна поврзаност со индустријата. Преку работа на вистински брендови и конкретни брифови, студентите стекнуваат искуство кое директно се пренесува во нивниот професионален развој.

Од Прилепска пиварница велат дека нивното главно очекување од проектот е студентите да ја изразат својата креативност и дизајнерски потенцијал преку новото Limited Edition издание на Златен Даб.

„Веруваме дека младите креативци носат свежа перспектива и современа визуелна енергија. Затоа очекуваме храбри идеи, уникатен пристап и дизајн кој ќе го одрази карактерот на брендот, неговата традиција, но и модерната естетика што ја градиме. Целта не е само да се дизајнира лименка, туку да се создаде производ кој визуелно ќе ја пренесе приказната и автентичноста на Златен Даб,“ велат од Прилепска пиварница.

Објаснувајќи зошто изборот паднал токму на студентите на Brainster Next, од Прилепска пиварница посочуваат дека клучна улога одиграл квалитетот и професионалниот пристап што тие го демонстрираат.

„Се одлучивме за студентите на Brainster Next поради високото ниво на квалитет, современата едукација и начинот на кој пристапуваат кон реални креативни предизвици. Веруваме во потенцијалот на новата генерација дизајнери и сметаме дека токму тие можат да понудат свеж и релевантен визуелен правец. Brainster Next е препознаен партнер во креативната индустрија, со силни програми и реални проекти, што ја прави оваа соработка логичен чекор за нас,“ додаваат од компанијата.

Од Прилепска пиварница нагласуваат дека ваквиот тип соработка има пошироко значење, бидејќи овозможува младите таленти да работат на реални производи што ќе се најдат на пазарот и ќе станат дел од една препознатлива, национална бренд-приказна.

Финалниот исход од проектот ќе биде избор на дизајн за новата Limited Edition лименка „Златен Даб“, кој ќе влезе во реална продукција и комуникација на пазарот.

фото Браинстер

Можеби ќе ве интересира...

Во Македонија има 694.506 вработени и 98.273 невработени лица – активното население е само 52.3 проценти

BiznisPRO

ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО: Оваа наша банка ги исплати пензиите предвреме

BiznisPRO

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

BiznisPRO