„Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 возила од патиштата во Кина

Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 автомобили произведени од 2013 година поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, се вели во соопштението на кинескиот пазарен регулатор во петокот.

Производителот на електрични автомобили со седиште во САД повлече 67.698 автомобили Model S и Model X увезени во Кина помеѓу 25 септември 2013 година и 21 ноември 2020 година поради софтверски проблеми кои влијаат на системот за управување со батериите на возилата.

„Тесла“ најави дека ќе го надгради софтверот на повлечените возила.

„Тесла“ повлече и 2.736 увезени автомобили Model 3 произведени во периодот од јануари до ноември 2019 година и 10.127 кинески автомобили од истиот модел.

Можеби ќе ве интересира...

Работниците во Германија очекуваат војната да ги погоди нивните компании

BiznisPRO

Нов пад на вредноста на турската лира

BiznisPRO

Цената на литиумот во Кина падна за речиси 80 отсто

BiznisPRO