ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија.

Во ТЕЦ Осломеј, се појаснува во соопштението, во претходниот период се вршеле неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен).

Застојот се искористил за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.

– Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42 години, соопштија од АД Електрани на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата во Македонија

BiznisPRO

РКЕ: Грејната сезона во Скопје почнува утре, цената на парно греењето засега останува истата

BiznisPRO

Преку украинска територија: Гаспром нормално продолжува да испорачува гас за Европа

BiznisPRO