• ноември 10, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

„Тиквеш“ и лозарите ја развиваат партнерската соработка со цел подобрување на продуктивноста во секторот

„Тиквеш“ и лозарите ја развиваат партнерската соработка со цел подобрување на продуктивноста во секторот

Во согласност со својата трајна определба и стратегија за градење и одржување долгорочни партнерски односи со лозарите, винарската визба „Тиквеш“, веднаш по завршувањето на годинешната берба, продолжи со продлабочување и развој на соработката со производителите на грозје за следната берба.

На најновата средба помеѓу раководството на ВВ „Тиквеш“ и лозарите посебно внимание беше посветено на поставување на стандардите за квалитет на винско грозје кои се темелат на најдобрите светски практики и критериуми, како и на барањата на пазарите каде се пласира виното на „Тиквеш“ и воспоставување на своевидно договорно производство.

Конкретно, планирано е од следната берба да се воведат три нивоа на квалитет на грозје дефинирани според прецизни критериуми и механизми за мониторинг и контрола на лозовите насади во делот на нивната здравствена состојба, висината на приносот, начинот на наводнување, видот и обемот на агротехничките мерки кои се применуваат, начинот на берба и транспорт на грозјето и други. Согласно дефинираните нивоа ќе има и соодветна финансиска надокнада.

„Ваквиот пристап што се темели на почитување на стандарди и критериуми за квалитет е веќе одамна воспоставена практика во најразвиените и најпознатите светски вински региони и земји. Неговото почитување е гаранција за долгорочен, стабилен развој на лозарството и целата винска индустрија, кој ќе се базира на производство на грозје со висок квалитет, што ќе донесе и повисоки откупни цени и поголема стабилност и сигурност за лозарите. Истовремено, воспоставувањето и почитувањето на критериумите за квалитет на грозјето се еден од основните предуслови за производство на висококвалитетни автентични вина со висока додадена вредност кои се бараат на пазарите ширум светот“, велат од „Тиквеш“.
На средбата со лозарите, раководството на „Тиквеш“ информираше дека винарницата е подготвена да го субвенционира подигнувањето нови лозови насади од страна на кооперантите и воедно, во следните 10 години, да го гарантира откупот на лозјето од овие насади, одгледано согласно дефинираните стандарди и критериуми за квалитет.

На средбата за првпат беа дегустирани и вина произведени од лозја на кооперанти кои веќе ги применуваат критериумите за квалитет на „Тиквеш“, при што овие вина добија највисоки оценки.

Винарницата ќе продолжи да ги поддржува лозарите во текот на целата година, обезбедувајќи им ѓубрива и заштитни средства со пониски цени, како и бесплатни анализи на почвата на нивните насади, едукација и стручни совети како да постапуваат во процесот на одгледување и заштита на лозјата.

Во сегментот на едукацијата, ангажирана е и една од водечките светски консултантски компании во лозарството – Perleuve од Италија, која ќе работи на креирање мапи со прецизно класифицирани лозови насади, при што точно ќе се утврди нивниот потенцијал.

Се дискутираше и за предлогот на „Тиквеш“ за отпочнување на процесот на окрупнување на лозовите насади, преку здружување на повеќе производители, со што би се формирале насади со површини поголеми од 10 хектари. „Тиквеш“ е подготвен да го поддржи овој процес преку инвестирање во набавка на соодветна механизација за берба на грозје, со што ќе се овозможи откуп на самиот посед и би се надминал проблемот со недостаток на работна сила за време на берба, кој станува се поизразен.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…