ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација – поттикнува поголема соработка во заедницата

Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.

Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето со отпад, кружната економија и декарбонизацијата, ќе ги споделат претставниците на ТИТАН Усје. На едукативните работилници ќе бидат опфатени професионалци и вработени од индустриските и производните сектори, односно во секторот за управување со отпад, вработени во помали производствени компании, вработени во поголеми компании поврзани со градежништвото, како и нововработени во ТИТАН УСЈЕ. Обуки се организираат и за студенти и невработени лица, за државни и локални инспектори за животна средина, како и за професионалци и вработени во јавни комунални претпријатија. Во информативно едукативниот процес ќе бидат опфатени околу 200 лица, а обуките ќе се одржат во период од 14 ноември до 2 декември годинава.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и примена на принципите на кружната економија. На почетокот на проектот пред присутните се обрати техничкиот директор на ТИТАН Усје Гоце Цветкоски.

„Имплементирање и унапредување на најдобрите практики во оваа област е наш врвен приоритет и ние активно работиме на унапредување на системот и зајакнување на ефикасноста. Ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го споделиме нашето искуство и знаење за применетите практики со нашите партнери. Како пионери во оваа област имаме и одговорност и обврска да поттикнеме што поголема примена на најдобрите практики во овие области, бидејќи само така можеме да имаме подобри резултати во пошироката заедница. Особено ни е драго што ќе имаме можност да ги споделиме нашите искуства со студентите, со идеја да ги поттикнеме младите да бидат активни учесници во процесите на зелена транзиција“, нагласи Цветкоски.

ТИТАН Усје е компанијата која е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂. Годинава компанијатаја доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Можеби ќе ве интересира...

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

BiznisPRO

Просечната бруто-годишна заработувачка за 2022 година изнесува 576 298 денари, а просечната бруто-месечна заработувачка за октомври 2022 година изнесува 48 344 денари

BiznisPRO

Во периодот јануари – септември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 106 милиони денари

BiznisPRO