ТРЕБА ЛИ ПОМАСОВЕН БОЈКОТ НА ГОЛЕМИТЕ “ЛУКСУЗНИ” ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ? – За вториот бојкот на маркетите прометот во маркетите падна за 22,12 отсто

Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки.

Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки.
Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.

Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.

При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот на ново највисоко ниво на сите времиња, ја проби магичната линија

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска на Регионалниот состанок на гувернери на ЈИЕ: Со соодветна монетарна политика, инфлацијата се сведе на 3%, но потребна е внимателност

BiznisPRO

Скенирате фискални сметки? Очекувајте пари од МОЈ ДДВ!

BiznisPRO