ТРГНА ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ: Халкбанк ги исплати предвреме, останатите банки започнуваат од денеска

Започна исплатата на септемвриските пензии за пензионерите во Македонија. Од денеска, 1 октомври, средствата им се достапни на корисниците во повеќе банки, додека дел од пензионерите своите пари ги добија уште два дена порано.

Халкбанк и овојпат направи предвремена исплата. Пензиите за нејзините корисници беа достапни уште на 29 септември, два дена пред почетокот на редовната исплата. Средствата можеа да се користат преку филијалите, банкоматите, електронското и мобилното банкарство, а за корисниците кои дале согласност и преку поштенските единици.

За голем број пензионери почетокот на месецот е период кога се подмируваат сметките, се набавуваат лекови и се планираат основните домашни трошоци, поради што секое предвремено ставање на средствата на располагање значи дополнително олеснување.

Халкбанк и претходно практикувала пензиите да ги направи достапни пред редовниот термин. Истата практика беше применета и во минатите месеци, кога корисниците на банката можеа предвреме да располагаат со својата пензија.

Можеби ќе ве интересира...

Заклучоци од меѓународната конференција на Народната банка: Инфлациската криза е успешно надмината

BiznisPRO

Курсна листа за 25 февруари 2025

BiznisPRO

Илјадници административци ќе добијат К-15

BiznisPRO