Цените на нафтата пааднаа под 82 долари

Цените на нафтата паднаа под 82 долари на меѓународните пазари, како одраз на загриженоста на инвеститорите за кинеската побарувачка и шпекулациите дека американската економија забавува.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 58 центи во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 81,50 долари. На американскиот пазар барелот поевтини за 93 центи и се лизна на 77,08 долари.

Трговците се фокусираа на знаците за олеснување на побарувачката во Кина на почетокот на неделата.

Кинескиот увоз на нафта се зголеми во јануари и февруари во споредба со истиот период во 2023 година, но послаб од претходните месеци, покажаа податоците објавени кон крајот на минатата недела, продолжувајќи го трендот на забавување на набавките кај најголемиот светски купувач.

Можеби ќе ве интересира...

Германија од 1 јуни ги менува правилата за граѓаните од Западен Балкан

BiznisPRO

Позната компанија го прекинува работењето

BiznisPRO

Кафето продолжува да поскапува, но многу побавно

BiznisPRO