фото Pixabay

Цените на нафтата се искачија над 83 долари, проблеми поради нападите врз руските рафинерии

Цените на нафтата денеска се искачија над 83 долари на меѓународните пазари поради навестувањата за силна побарувачка и шпекулации за можно нарушување на снабдувањето од Русија по нападот на Украина врз рафинериите.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во мај беше повисока за 1,54 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 83,46 долари. На американскиот пазар барелот за испорака во април поскапе за 1,59 долари на 79,15 долари.

Трговците се фокусираа на знаци на силна побарувачка. Залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 1,5 милиони барели, покажуваат податоците на Министерството за енергетика, нешто посилно отколку што очекуваа аналитичарите. Стапката на искористеност на рафинериските капацитети се зголеми за 1,9 процентни поени, на 86,8 отсто.

ОПЕК во посебен извештај објави дека во вторникот барел нафтена кошница на нејзините членки поскапе за 25 центи на 82,61 долари.

Можеби ќе ве интересира...

На Германија и’ се заканува недостиг на јајца

BiznisPRO

Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

BiznisPRO

Шампионски на E-Commerce наградите – Ananas со дури седум награди

BiznisPRO