Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за речиси два отсто бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК и затоа што е можен натамошен пад на побарувачката поради слабоста на економијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто – на 78,88 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,9 отсто – на 74,07 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

ОПЕК+ произведува повеќе од 40 отсто од светската нафта и веќе подолго време го намалува производството со цел да ги поддржи цените кои паднаа од речиси 100 на околу 80 долари за барел поради слабеењето на економиите, а со тоа и побарувачката за нафта.

Првично одлуката на ОПЕК го поддржа растот на цената на нафтата, но набрзо тие паднаа бидејќи трговците се скептични со оглед на тоа што производителите доброволно ќе го намалат производството и нема да има контроли.

Можеби ќе ве интересира...

Се продлабочува распадот на крипто пазарот: Тетер падна под доларот

BiznisPRO

Германија ги дели најголемите субвенции во историјата – И до 20.000 евра по домаќинство

BiznisPRO

Цената на гасот во Европа се зголеми за повеќе од 10 отсто

BiznisPRO