Цените во земјоделството во септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.3 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во септември 2025 година, споредени со цените во септември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во делот инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 3.0 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.7 %.

Во делот аутпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 3.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 5.5 %.

Можеби ќе ве интересира...

Што им се случува: Германскиот угостителски сектор е во криза

BiznisPRO

Просечната нето плата достигна 42.134 денари

BiznisPRO

Статистика на Еуроконтрол: Две нискобуџетни авиокомпании направија над 5000 летови во еден ден

BiznisPRO