• ноември 16, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ЦРН ПЕТОК: Колку се реални попустите во продавниците – поевтинета само застарена роба, новите артикли и натаму со високи цени

ЦРН ПЕТОК: Колку се реални попустите во продавниците – поевтинета само застарена роба, новите артикли и натаму со високи цени

Деновиве социјалните мрежи се преплавени со реклами од познати македонски компании кои решија да се вклучат во големиот празник на купувањето познат како “Црн Петок”.

Додека црниот петок во САД е вистинска атракција, а граѓаните можат да пазаруваат по несекојдневни цени, кај нас црниот петок како маркетиншки трик почна уште од пред една недела.

Голем број на компании поставија натписи со намалување на цените кои сега важеле како загревање за црниот петок кој практично се паѓа во последната недела од ноември, но дали е тоа така?

Многумина деновиве се изненадија кога слушнаа дека попустите важат само на одреден дел на артикли, а голем број од компаниите го користат изразот намалување до -50 проценти или намалување до -70 проценти, но доколку подобро се погледне производ со толку намалена цена тешко ќе најдете, иако сте тргнеле на шопинг каде што се нуди -70 посто попуст.

Попустите најчесто се од 10-20 отсто за нови артикли, кои ионака се нудат со клуб-попустите и купоните кои што редовно се делат кон корисниците, или 20-30 отсто за застарена роба која ионака не би ја купиле. Секоја чест на исклучоците, но при нашето разгледување на 20-тина познати компании, големо реално намалување не најдовме ниту кај оние што продаваат облека, ниту пак оние кои продаваат технологија.

Збунувачки реклами
Компаниите кои продаваат технологија, но и оние кои продаваат облека нудат збунувачки реклами.

Пример на насловните страници на нивните онлајн сајтови се појавуваат големи билборд банери со попусти од 40-50 или 60 отсто, но доколку се упатите во делот на онлајн нарачки попустите воопшто не се вкалкулирани. Одредени компании овие попусти ги нудат само во своите продажни салони, па така граѓаните кои веќе пазарувале преку интернет кога ја виделе рекламата се изиграни и нема да го добијат Blackfriday попустот, бидејќи за тоа ќе мора да се упатат во најблискиот продажен салон, а таму артиклите кои се достапни онлајн ги нема.

Поскапени, а не поевтинати производи
Интересно е што поради еконосмката криза технологијата отиде нагоре со цените, па така ако до пред 3 години можевте за време на црн петок или новогодишните празници да најдете 32 инчен телевизор од ниска класа за 4.999 денари, сега најевтиниот е над 9.000 денари. Има поскапување и кај компјутерските уреди, мобилните телефони и буквално сите електрични апарати…

Донесен нов Закон за потрошувачи
Сезонско намалување на стоки и услуги, пресликано од Европа, кај нас ќе може да има само двапати годишно. Акција за еден или повеќе производи во продажни салони, продавници, маркети, ќе трае најмногу 30, а промоција 8 дена, вели новодонесениот Закон за заштита на правата на потрошувачите, со што ќе се сопре чистењето „ѓубре“ од магацините и рафтовите кога ќе им текне на трговците и ќе спречи нелојална конкуренција и профит.

Сезонско намалување продавниците ќе имаат: летно, во периодот помеѓу 25 август и 25 септември во тековната година, и зимско сезонско намалување во периодот помеѓу 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година. Почетокот на попустот ќе мора да се назначи со датум. Трикратно прелепување на „првичната превисока“ цена за да мислите како сте го начекале производот на трето, четврто намалување, не е дозволено.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…