Турската лира падна на ново историски најниско ниво

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 12:30 часот на берзата Forex се тргуваше за 31 лира.

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на месецот.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Гувернерката на Централната банка на Турција (ТЦМБ), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари од лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој рече дека ќе продолжи со цврста монетарна политика.

ТЦМБ на крајот на јануари ја зголеми референтната каматна стапка од 42,5 на 45 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Нова ситуација на берзата Binance: Биткоинот скокна за 5 отсто на над 25.000 евра

BiznisPRO

Рекордна година за грчкиот туризам

BiznisPRO

Нови правила за купување во Лидл од 1 јануари

BiznisPRO