Убава вест: Поевтинуваат горивата во Северна Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.08.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,295 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Зголемен бројот на странски туристи во споредба со лани

BiznisPRO

Шведска одби да го спаси производителот на батерии

BiznisPRO

Колку чинат девизите денеска? Курсна листа за 6. ноември 2024

BiznisPRO