• ноември 16, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Вклучување во живо од С. Р. Германија, со дискусија во рамките на Глобалната недела на претприемништво, на тема: „ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ“

Вклучување во живо од С. Р. Германија, со дискусија во рамките на Глобалната недела на претприемништво, на тема: „ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ – ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ“

На самиот старт на Глобалната недела на претприемништво, Институтот Хајделберг во Скопје реализираше настан со цел презентирање на моделот на германско дуално високо образование, со истакнување на бенефитите за студентите и за компаниите во земјата. Станува збор за онлајн дискусија како дел од програмата на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира зголемување на дијалогот меѓу општествените чинители, оваа година на темите поврзани со: образование, инклузивност, креирање на јавни политики за подобрување на претприемништвото, како и градење на партнерства во рамки на екосистемот за поттикнување на развојот на претприемништвото.

Говорници на дискусијата беа:
• Д-р Бриџит Спилман, член на Деканската управа на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје; тренер и предавач по меѓународен Cross Culture Coaching за бизниси и деловни луѓе;
Претставници од Државниот универзитет за соработка во Баден-Виртемберг (DHBW), првата високообразовна институција во Германија која ги интегрира академските студии со обуката на работното место:
• Проф. Кеј Вајлдинг, почесен декан на студии по електротехника на DHBW-Mannheim и меѓународен академски советник; и
• Торге Фишер, консултант за образование и меѓународни соработки;
• Кала Дренковска, матурантка од гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Настанот го модерираше Теодора Бошкова, во улога на раководител на Односи со јавност и комуникации при ХАЈДЕЛБЕРГ Институтот во Скопје.

Дискусијата започна со споделување на веста за отворањето на првата германска дуална високообразовна институција за земјите од Западен Балкан – „ХАЈДЕЛБЕРГ Факултет во Скопје“, кој доби Одлука за давање на одобрение за основање од страна на Владата на РСМ (бр. 41-7606/1, 13.09.2022). Од следната академска година 2023/24, оваа високообразовна установа со уникатен пристап ќе ја интегрира теоријата со праксата, по примерот на државниот дуален универзитет од Манхајм и под нивно менторство и вклучување со програми, образовен кадар (50% од професорите на Факултетот), евалуација и екстерно тестирање за гаранција на квалитетот и дуалноста на студиите. Воедно, планирани се теренски посети, екскурзија и студентски размени, како и финални активности за докомплетирање на едукативните процеси и стекнување на државна германска диплома, покрај македонската, со 210 ЕКТС.

Во име на Деканскиот одбор на Хајделберг Институтот, говореше Спилман, изразувајќи големо задоволство што во Државниот дуален универзитет од Манхајм се најде високо почитуван универзитетски партнер со кој може успешно да се воспостави систем на дуално универзитетско образование во Северна Македонија.

„Одборот е многу среќен што најде нов партнер (DHBW), со кој сега имаме можност да воспоставиме нов вид на образование во Скопје, образование кое покажа само успеси за Германија и германската економија.“ – истакна таа.

Систематизираното комбинирање на теоријата и праксата, уникатно како повеќе од 100 годишна традиција за Германија и Австрија, го презентираше Торге Фишер, директор на COEDCO, консултант за образование и меѓународни соработки. Говореше за моделот кој ја интегрира практичната работа во студирањето, каде во Германија 9 илјади компании – дуални партнери се вклучени во процесот на учење.

„Кооперативното високо образование најмногу се фокусира на вработливоста на студентите. Нашата претходна цел е студентите кога ќе дипломираат да бидат вработливи. Вештините што ги учат студентите се насочени кон она што индустријата го бара од нив.“ – изјави Фишер

Според него, традиционалните универзитети во главно се фокусираат на истражување и на академска компетентност, што е добро, но честопати оние студии кои имаат многу теоретска основа не се нужно соодветни за она што индустријата го бара од студентите. Притоа, многу од студентите се соочуваат со проблеми да најдат соодветна работа, нешто што одговара на нивното студирање.

„Нашите студенти од самиот почеток се вработени во една компанија. Така, на првиот ден од студиите веќе знаат дека се вработени и сите практични фази низ студиите се во истата компанија, која низ три-годишните студии на Факултетот континуирано инвестира во својот иден успешен млад кадар.“ – додава тој.

Проф. Кеј Вајлдинг како меѓународен академски советник на Универзитетот, зборуваше за практичната страна од дуалните студии:

„Во иднина има потреба од висококвалификуван кадар, на возраст од 20 до 22 години, со добро образование на универзитетско ниво, добри практични искуства и меѓукултурно и меѓународно искуство, а особено добри социјални компетенции. На овие барања единствено може да одговори концептот на дуално високо образование, со кој младите дипломирани студенти на универзитетот се способни да дејствуваат ефикасно со искуства во практичниот работен свет.“

Пластично, Фишер дообјасни: „Кога учев, пред многу години, се навраќам на 12 години основно и средно училиште и 6 години факултет по ред. Така се акумулираат 18 години учење и никогаш немав шанса да го применам она што го научив помеѓу нив. Значи, после 18 години студирање, не познавам некој што може да примени 18 години теоретско учење – тоа е невозможно.“

Тоа е концептот на дуално кооперативно образование. Она што го правите е да научите нешто во теорија, а набргу потоа ќе добиете шанса да аплицирате и да експериментирате со ова знаење на работното место.

За крај, Кала Дренковска, матурантка од СОУ „Орце Николов“, ги изложи своите амбициозни размисли за градењето на идното општество преку реформирање на образовниот систем:

„Според мене, најголемата причина за имигрирање на студентите од државата е што колективното мислење за македонскиот образовен систем е дека немаме доволно добро реномирани професори, а угледот на универзитетите не е ист како кај другите универзитети низ светот. Но, според моето верување, ако работиме заедно на овој случај, за само неколку години можеме да почнеме да правиме промени и да се движиме напред. Ако ми се даде шанса да студирам во мојата земја додека добивам вредна диплома, нема да има подобар начин да го продолжам моето образование додека враќам и помагам на земјата во која пораснав. Со ова сите имаме отворен хоризонт за посветла иднина.“

До крајот на годината, планирано е свечено отворање на кампусот на „ХАЈДЕЛБЕРГ Факултетот во Скопје“, како платформа за зајакнување на соработката помеѓу македонските и германските компании, по што следи официјализирање на договорите со дуалните партнери на Факултетот.

Преку додипломските студии за:
➡️ „Бизнис администрација: Банкарство, финансии и контролинг“;
➡️ „Софтверско инженерство: Дата и компјутерски науки“; и
➡️ „Мехатроника“,

90 матуранти ќе ја имаат можноста додека студираат да учат и работат со ментори-практичари со долгогодишно работно искуство во индустријата, да следат академска настава и да работат во најголемите и најбрзорастечки компании во земјата.

Поврзани соддржини

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична…

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата…
РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во…
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45.…

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот…
ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија…

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на…
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве кој ќе добие 3.000 денари месечна помош

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве…

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството…
Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за поголема имиграција

Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за…

„Ни требаш“, вака германскиот министер за економија Роберт Хабек (Хабек) регрутира квалификувана…
На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во Европската унија

На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата…

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено…
Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на нафтата, дури и ако го намалиме производството

Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на…

Русија нема да извезува нафта што е предмет на ограничување на цената…
ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична…
Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок…

Скопје, 4 декември 2022 (МИА) – Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле…
УЈП со голема заштеда на струја

УЈП со голема заштеда на струја

Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 %, помалку…