Владата ќе дели ваучери за таблети, телефони, компјутери за млади – ќе се дели и финансиска поддршка за оние кои сакаат да отворат бизнис

Владата соопшти дека во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади.

– Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.

Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.

Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.

Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира...

Diners Club Македонија го прославува својот 30-ти роденден – под мотото „Кога повеќе значи повеќе“ Diners Club ја најави јубилејната година

BiznisPRO

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации – Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2%

BiznisPRO

ЕУ со позитивни оцени за придонесот на Народната банка во намалувањето на инфлацијата и задржаната стабилност на банкарскиот сектор

BiznisPRO