Влатко Сулев: Дигитална трансформација на туризмот, клучот за поголеми приходи

Во Македонија туризмот има потенцијал, но сè уште функционира со застарен модел. Додека глобалните платформи како Booking.com и Airbnb носат видливост, тие истовремено и земаат значителен дел од приходите на сместувачките капацитети и ја преземаат контролата врз клиентите. За многу хотели и апартмани во земјава тоа носи одреден лимитиран број на гости, но со помал профит.
Токму тука се појавува потребата од сопствени дигитални решенија. Платформи како Quendoo.mk овозможуваат директна комуникација со гостите, резервации без посредници и поголема контрола врз цените и понудата. Наместо провизии од 15–20%, приходот останува кај локалните бизниси.

Искуствата од соседна Бугарија покажуваат дека со ваков пристап директните резервации можат да пораснат и до 30%, што значи повеќе ликвидност и стабилност за сместувачките капацитети. (38 хотели со над 7500 соби дел од туристичките капацитети во Албена, соседна Бугарија, за само една година откако почнаа да го користат Quendoo системот за резервации, го зголемија бројот на директни резервации за 30%, а ги зголемија и приходите)

Но вистинската вредност не е само во заштедените трошоци, туку во можноста да се изгради сопствена база на гости, да се креира лојалност и да се поттикнат повторни посети.

Дополнително, современите дигитални алатки како Quendoo.mk овозможуваат управување со сите продажни канали, прилагодување на цените според побарувачката и поефикасен маркетинг. Тоа го трансформира туризмот од едноставна услуга во структуриран, мерлив и профитабилен бизнис. Quendoo го разбира локалниот контекст и потребите на локалните бизниси. Па така наместо хотелите да се прилагодуваат на глобалните платформи, овде платформата се прилагодува на нив – на македонски јазик, со локална поддршка и флексибилни ценовни модели. Дополнително, преку Quendoo може да соработуваат туристички агенции, институции и приватни изнајмувачи, со што се дигитализира целиот туристички екосистем.

Дигиталната трансформација повеќе не е избор, туку неопходност. Македонија треба да го дигитализира туристичкиот сектор и тоа 100%.

Во модерната економија, не победува оној што има најмногу туристи, туку оној што знае како да ги задржи и да заработи повеќе од нив.

Во брзи технолошки промени и глобална конкуренција, каде секоја резервација и секој гостин се важни, алатките кои даваат директен пристап, контрола и анализа повеќе не се луксуз, туку неопходност. Quendoo е доказ дека решението не мора да се бара надвор – тука е, локализирано, и подготвено да ја трансформира индустријата од темел. Повеќе информации на: www.quendoo.mk

Колумна на Влатко Сулев

Можеби ќе ве интересира...

Собранието го усвои Буџетот за 2026 година

BiznisPRO

УЈП со важна информација до даночните обврзници

BiznisPRO

Им загорчи чорбата и кафето на граѓаните – угостителските услуги поскапеле во септември значително во однос на истиот период лани

BiznisPRO