Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %

Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16.7 %, а реално за 11.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3.4 %, а реално е зголемена за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7.1 %, а реално за 8.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8.5 %, а номинално за 0.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

Добра вест: Просечната нето плата изнесува 41.085 денари

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0.2 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец

BiznisPRO

2,8 милиони евра грант од ЕУ за заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија

BiznisPRO