Внимание при купување на пелети: Инспекторите открија голема измама

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, денеска упати предупредување до граѓаните да бидат внимателни при купување на пелети за огрев, поради можни злоупотреби со декларирањето на квалитетот. Тој истакна дека на пазарот се нудат пелети кои се означени како А класа, но всушност може да бидат од пониска класа, како А2 или Б, кои се наменети за индустриска, а не за домашна употреба.

Трајковски на прес-конференција информира дека инспекциските служби откриле случаи во кои пелетите се продавале како словенечки, но всушност немале никаква врска со Словенија.

Граѓаните се советуваат внимателно да ги проверуваат етикетите и сертификатите на пелетите пред да донесат одлука за купување, особено во услови кога побарувачката е зголемена, а на пазарот се појавуваат производи со сомнителен квалитет.

Можеби ќе ве интересира...

Произведената електрична енергија во јуни 2025 година е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 333 640 MWh, што претставува 12.5 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO

Цените на нафтата благо паднаа

BiznisPRO

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во август 2025 година изнесува 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO