фото Бизниспро

Во 2026 Македонија очекува рекорден број продолжени викенди – еве кога ќе одмараме

Во 2026 година македонските граѓани ќе можат да уживаат во значително повеќе продолжени викенди отколку во 2025 година, благодарение на раскошниот календар на државни и верски празници кои, според Законот за празниците на Република Македонија, се водат како официјално неработни денови. Дел од нив се паѓаат непосредно пред или по викенд, што создава дополнителни денови за одмор, патувања, релаксација и семејни собири, пишува centar.mk.

Новата година започнува со Нова Година на 1 јануари, која во 2026 година се паѓа во четврток и природно се спојува со викендот, а само неколку дена подоцна, на 7 јануари, следува Божиќ според православниот календар. Пролетниот дел од годината носи уште неколку слободни денови, меѓу кои Рамазан Бајрам на 20 март, па продолжениот велигденски викенд на 13 април, како и Денот на трудот на 1 мај, кој повторно ќе значи три дена можност за одмор. Во мај следува и празникот Св. Кирил и Методиј, 24 мај, кој во 2026 година се паѓа во недела, па затоа понеделникот, 25 мај, ќе биде неработен ден, обезбедувајќи уште еден проширен викенд.

Во летниот период, Илинден оваа година паѓа на 2 август, недела, со што понеделникот 3 август преминува во слободен ден, што е идеална можност за патувања и летни одмори. Денот на независноста на 8 септември носи слободен вторник, а есенскиот календар продолжува со Денот на народното востание, кој на 11 октомври се паѓа во недела, па понеделникот, 12 октомври, станува продолжение на викендот. Празничната низа продолжува со Денот на македонската револуционерна борба на 23 октомври, кој паѓа во петок, и го претвора викендот во продолжен период за одмор. Годината завршува со празникот Св. Климент Охридски на 8 декември, вторник, уште еден ден кој ќе обезбеди прекин на работната динамика.

Покрај државните празници важечки за сите граѓани, постојат и дополнителни неработни денови дефинирани според етничка и верска припадност, што значи дека делови од населението ќе имаат уште повеќе можности за слободни денови. Православните верници во 2026 година нема да работат за Бадник, за Богојавление, за Велики Петок, за Духовден и за Голема Богородица, додека католиците ги добиваат слободните денови за Велигден, Празникот на сите светци и Божиќ на 25 декември. За муслиманската заедница, неработен ден ќе биде првиот ден на Курбан Бајрам на 27 мај. Празници и неработни денови имаат и албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и турската заедница, со што календарот станува уште побогат и пофлексибилен.

Оваа празнична структура ја прави 2026 една од најповолните години за кратки и долги патувања, викенд-туризам и стратегиско планирање на одморите, како за вработените, така и за туристичките бизниси кои веќе можат да почнат со креирање атрактивни понуди за граѓаните, објави Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

АХВ и МВР спречија пуштање во промет на повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи

BiznisPRO

Wizzair најавува нова рута од Македонија – летајте од Охрид до Базел од октомври

BiznisPRO

ПОЕВТИНА ЦЕНА НА НАФТАТА На американскиот пазар потребно е да се издвојат нешто повеќе од 76 долари за барел

BiznisPRO