Во еврозоната инфлацијата се намали помалку од очекуваното

Инфлацијата во еврозоната се намали помалку од очекуваното во февруари, зголемувајќи ја можноста Европската централна банка да почека до летото пред да ги намали каматните стапки.

Инфлацијата падна на 2,6 отсто од 2,8 отсто во јануари, покажаа прелиминарните податоци на Евростат, а аналитичарите очекуваа таа да се намали на 2,5 отсто, пренесува Политико.

Се чинеше дека ценовните притисоци останаа, и покрај привремените знаци на подобрување. Исклучувајќи ги понестабилните артикли, како што се храната, алкохолот, тутунот и енергијата, инфлацијата забави на 3,1 отсто од 3,3 во јануари, но и тоа беше над прогнозата за 2,9 отсто.

Податоците ќе ја зајакнат позицијата на аналитичарите на Европската централна банка, кои рекоа дека е рано да се почне да се зборува за намалување на каматните стапки. Гувернерот на австриската народна банка Роберт Холцман изјави за Политико дека за тоа нема да се разговара пред јуни.

Можеби ќе ве интересира...

Одлуката на „челичната дама“ на Кремљ ги изненади руските моќници: Ќе ги реши ли проблемите на Путин?

BiznisPRO

Силен раст на цената на нафтата: Вредноста на „црното злато“ е блиску до највисокото ниво годинава

BiznisPRO

Британскиот премиер плати речиси 600.000 евра данок

BiznisPRO