Чешка значително го зголеми купувањето на руски гас во јануари, пишува чешкиот портал Novinki.cz.
Според информациите на чешкиот гасен оператор НЕТ4ГАС, уделот на рускиот гас во вкупниот чешки увоз на овој вид енергија во јануари изнесувал 62 отсто.
Во периодот од јануари до октомври 2023 година, Чешка речиси и да не увезе руски гас, бидејќи нејзиното учество во вкупниот увоз на гас беше само два отсто.