Во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата достигна 49.544 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 544 денари, соопшти Заводот за статистика.

Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 6.3 %, Рударство и вадење камен за 5.8 % и Транспорт и складирање за 5.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Wizzair најавува нова рута од Македонија – летајте од Охрид до Базел од октомври

BiznisPRO

Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2 % кај инпутот и за 18.0 % кај аутпутот

BiznisPRO

Почнува со работа тренинг центарот за извоз при Стопанската комора

BiznisPRO