Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

САД во октомври увезле стоки од Русија во вредност од 274,4 милиони долари, што е значително зголемување од 252,3 милиони долари во септември, покажуваат податоците на американското биро за попис, кое собира податоци за населението и економијата на САД.

Во извештајот се наведува дека извозот на американски стоки во Русија е намален во октомври на 34,8 милиони долари, наспроти 38,4 милиони долари во септември.

Во првите 10 месеци од годинава, САД увезле стоки во вредност од 3,9 милијарди долари од Русија, додека извозот во Руската Федерација во истиот период изнесувал 470 милиони долари. Трговскиот дефицит на САД со Русија за 2023 година надмина 3,4 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

За две години квадратурата на стан во Црна Гора поскапела за 40 отсто

BiznisPRO

Кина останува лидер: Русија оваа година би можела да го собори рекордот за извоз на течен природен гас во ЕУ

BiznisPRO

Тие ги имаат најважните акции во светот

BiznisPRO