Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Април 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Можеби ќе ве интересира...

Aтлантик Група: Силниот раст на продажбата ја стабилизира профитабилноста

BiznisPRO

Финансиската писменост е важна животна вештина за сите

BiznisPRO

МТЕЛ станува официјален партнер на Пасворд Продукција

BiznisPRO