Волстрит падна од рекордно ниво

Вчера на Вол Стрит, индексот S&P 500 се лизна од рекордните нивоа, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите се претпазливи за новите макроекономски показатели и извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот.

Dow Jones загуби 0,25 отсто, на 38.989 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,12 отсто, на 5.130 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,41 отсто, на 16.207 поени.

Во текот на целиот трговски ден, индексите се менуваа на позитивна и негативна територија, за да нурнат во минус непосредно пред затворањето на пазарот.

Од една страна, на пазарот позитивно влијае оптимизмот во однос на развојот на вештачката интелигенција, што го поддржува растот на цените на акциите на технолошките гиганти, како што се производителите на чипови Nvidia и Advanced Micro Devices.

Од друга страна, надежите на инвеститорите дека американската централна банка агресивно ќе ги намали каматните стапки годинава избледеа.

Економијата на САД останува прилично солидна и инфлацијата не се намалува толку брзо како што се надеваа инвеститорите, така што очекувањата за намалување на стапката беа одложени од март до јуни.

Лидерите на ФЕД велат дека нема причина да се брза со намалување на каматните стапки, па во фокусот на инвеститорите ќе биде извештајот на претседателот на централната банка Пауел до Конгресот, кој ќе се одржи во среда и четврток.

Инвеститорите внимателно ќе ги следат неговите коментари во врска со инфлацијата, економските случувања и можното намалување на каматните стапки.

Во петок, пак, ќе биде објавен извештајот за вработување во САД, кој обично има значително влијание врз насоката на пазарот бидејќи покажува колку е силен пазарот на трудот и колку растат платите.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,55 отсто, на 7.640 поени, а франкфуртски DAX за 0,11 отсто, на 17.716 поени. Сепак, парискиот CAC зајакна за 0,28 отсто, на 7956 поени.

Можеби ќе ве интересира...

Швајцарската инфлација падна на 1,2 отсто во февруари, најниска од октомври 2021 година.

BiznisPRO

Ресурсите се фокусираат на вештачката интелигенција: Компаниите укинаа 34.000 работни места оваа година

BiznisPRO

Нова ера за биткоинот: Пристигна клучната одлука на Комисијата за хартии од вредност на САД

BiznisPRO