Воспоставена македонско-норвешка трговска комора

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во рамките на официјалната посета на Норвешка ја инаугурира македонско-норвешката трговска комора.

Како што информираат од Министерството, на настанот присуствувале повеќе реномирани норвешки компании, кои имаат отворени бизнис-релации со Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover.

За време на состанокот, Османи истакнал дека актуелните инвестиции на Innovation Norge во „Нормак“ и потенцијалните инвестиции на споменатите компании, како и воспоставувањето на македонско-норвешката трговска комора, ќе дадат силен поттик на бизнис-заедниците за нивна поблиска и поинтензивна соработка, со што ќе се придонесе кон, како што рекол, зголемување на трговската размена.

Можеби ќе ве интересира...

Државата ќе дели парична помош на пензионерите – Кој може да очекува дополнителна финансиска помош оваа зима?

BiznisPRO

Ќе има ли ново поевтинување на горивата?

BiznisPRO

Колку е еврото, а колку доларот – Девизен курс за 12.02.2024

BiznisPRO