VW отпушта работници за да им конкурира на Кинезите

Германски Фолксваген денеска објави дека размислува за намалување на работните места со цел да оствари поголем профит и да се натпреварува со кинеските компании.

„Статус кво не е доволна без значителни намалувања. Мораме да се справиме и со деликатни прашања, кои вклучуваат персонал“, изјави извршниот директор на брендот Фолксваген, Томас Шефер, пренесува Фигаро.

Фолксваген сака да ја користи „демографската крива“, односно предвременото пензионирање на работниците при укинување на работните места.

Челниците на Фолксваген денеска разговараа со претставниците на вработените во компанијата во Волфсбург со цел да преговараат за содржината на планот за трансформација, чија цел е да се заштедат 10 милијарди евра.

„Ситуацијата е многу критична. Многу пазари се под притисок, нашите нарачки, особено за електрични автомобили, се пониски од нашите очекувања“, се пожали Шефер.

Минатиот јуни, извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, претстави план за профитабилност со кој германскиот производител на автомобили има намера да ја зајакне својата конкурентност во однос на кинеските фирми.

Можеби ќе ве интересира...

Вредноста на берзата на Тесла порасна за 84 милијарди долари

BiznisPRO

Слабо се трошат автомобилите на Фолксваген – Кинескиот пазар ја кочи познатата марка

BiznisPRO

Kia EV6 прогласен за автомибил на годината во Македонија за 2024

BiznisPRO