Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво*, официјално го отвори својот најнов центар за обука на пилоти на аеродромот Рим Фјумичино, Италија. Најсовремениот објект ќе служи како втор тренинг центар на Wizz Air, по успехот на неговата почетна локација во Будимпешта. Центарот е подготвен да обезбеди периодична обука за повеќе од 4.800 пилоти секоја година, што е доказ за посветеноста на авиокомпанијата за највисоките безбедносни стандарди и иновациите во воздухопловството.
Свеченото отворање се одржа на 1 октомври 2024 година, со клучни говори одржани од извршниот директор на Wizz Air József Váradi, извршниот директор на Aeroporti di Roma Marco Troncone и потпретседателот на CAE, EMEA Commercial Aviation James Cahill.
József Váradi, извршен директор на Wizz Air, коментира: „Овој нов тренинг центар во Рим ја означува посветеноста на Wizz Air да инвестира во иднината на воздухопловството и нашите вработени. Нашите пилоти се во срцето на нашите операции и овој објект ќе обезбеди тие да продолжат да ја добиваат најнапредната, најригорозна можна обука. Оваа инвестиција во Италија, еден од клучните пазари за Wizz Air, каде што веќе имаме пет бази кои вработуваат над 1.000 членови на екипажот и над 20 најефикасни авиони со најдобри индикатори за одржливост во својата класа, дополнително го зацврстува нашето долгорочно присуство во регионот“.
Лоциран на неколку минути пеш од Терминал 1 на аеродромот Рим Фjумичино, објектот со површина од над 2.500 квадратни метри вклучува соби за брифинг, простории за теоретска обука и сала за симулатори опремена со два ултрамодерни CAE Airbus A320 симулатори за целосен лет, со трет симулатор кој ќе биде инсталиран во 2025 година. Овие симулатори со висока визуелна реалност, извондредно опкружување во кокпитот и реални динамики на летање ќе овозможат над 4.800 пилоти годишно да поминат преквалификација, поддржувајќи го проширувањето на операциите на Wizz Air.
Marco Troncone извршен директор на Aeroporti di Roma, компанија на групацијата Mundys, рече: „Овој нов високо-технолошки центар за обука, развиен на нашиот аеродром благодарение на значителната инвестиција на една од најбрзорастечките авиокомпании во Европа, ја демонстрира атрактивноста на Фјумичино на воздухопловниот пазар како база за долгорочен развој. Овој нов проект, кој се надеваме дека ќе донесе и нови професионални можности за територијата и заедницата, совршено се вклопува во нашата стратешка визија каде што иновациите и развојот на човечкиот капитал претставуваат основни столбови за постигнување одржлив развој на среден и долг рок“. Тој ја нагласи соработката помеѓу Wizz Air и локалната аеродромска инфраструктура и ја истакна клучната улога на аеродромот Рим Фјумичино како 5-ѕвезден аеродром според Skytrax и најдобар аеродром во Европа шестти пат од 2018 година според ACI Europe.
Новиот центар за обука на Wizz Air во Рим се надоврзува на успехот на неговиот објект во Будимпешта, кој од неговото отворање пред шест години обезбеди над 98.000 часови обука за летање. Додавањето на овој нов објект за обука дополнително ја зајакнува позицијата на Wizz Air како лидер во европската авијација, со силен фокус на инвестирање во континуирана обука и учење на своите вработени.