За прв пат по две години: Платите растат во Германија

Реалните плати во Германија се зголемени за 0,1 отсто во вториот квартал во однос на истиот квартал минатата година, објави Федералниот завод за статистика Дестатис.

Ова е прво годишно зголемување на реалните плати во Германија од вториот квартал на 2021 година, кога реалните плати пораснаа за 3,2 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата со седиште во Визбаден.

На растот на реалните плати влијаеше големото зголемување на номиналните плати и донекаде пригушената инфлација, како и зголемувањето на минималната саатница на 12 евра во октомври 2022 година.

Во вториот квартал, номиналните плати во Германија се за 6,6 отсто повисоки во однос на истиот квартал од претходната година, што претставува највисок раст на номиналните плати од 2008 година.

Во истиот период потрошувачките цени се зголемени за 6,5 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Највисока ценовна војна во последните две децении: Турција го намалува ДДВ за да се бори против инфлацијата

BiznisPRO

Лидерите на Г7 го потврдија исклучувањето на руските банки од SWIFT

BiznisPRO