Зејтинот во Косово достигна цена од 3,5 евра, а граѓаните ги празнат полиците, јавуваат тамошните медиуми.
Косовските власти најавуваат ригорозни контроли на маркетите, и тоа уште од вечерва. Во соопштението на Министерството за индустрија, трговија и претприемништво се вели дека некои трговци прво ги испразниле полиците за да се создаде впечаток на недостиг на производи.
Владата во Приштина пред само еден ден им се закани на трговците кои ги злоупотребуваат цените. Премиерот Албин Курти вечерва рече дека Косово има најскапо масло за јадење и оти цената е вештачки надуена.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...