Хрватските пензионери годинава бесплатно ќе патуваат со воз низ својата земја

Во 2024 година, хрватските пензионери ќе можат бесплатно и неограничено да патуваат со воз низ нивната земја.

Хрватската влада за овој пилот проект издвои два милиони евра од државниот буџет.

За една година бесплатно возење потребно е да се платат 2,65 евра за таканаречена смарт картичка, пренесува хрватскиот портал Пословни.

„Процедурата е многу едноставна, пензионерот треба да пополни барање, да приложи личен документ и потврда за примање пензија и се да предаде на каса или евентуално да го испрати преку мејл, врз основа на овие документи ќе добијат паметна картичка која ќе ја користат за бесплатно патување“, изјави претставничката на Хрватски железници, Михаела Томурад Шушац.

Бројките покажуваат дека околу 40.000 пензионери во Хрватска користат железнички превоз, а овој пилот-проект може да се продолжи по една година доколку се покаже дека ги донесе посакуваните резултати.

Можеби ќе ве интересира...

Петте најбарани занимања во 2024 година во Србија

BiznisPRO

Системот за признавање на работни дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија почнува денеска: Кој и како може да аплицира?

BiznisPRO

Се зголемува бројот на СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ во Хрватска: До крајот на април годинава одобрено вработување на повеќе од 70.000 лица

BiznisPRO