245 лица се стекнале со звањето доктори на науки

Во 2025 година, звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, што претставува зголемување за 14 % во споредба со 2024 година.

Најголем број од лицата, 25.3 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, во бизнис, администрација и право 14.7 %, во инженерство, производство и градежништво 12.7 %, во уметност и хуманистички науки 12.2 %, следат областите општествени науки, новинарство и информирање со 10.2 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

147 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2025 година, што претставува 60 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

извор ДЗС

Можеби ќе ве интересира...

Следуваат многу неработни денови – Еве кога да си испланирате одмор

BiznisPRO

Познато е кога ќе биде исплатена зголемената пензија за 2.500 денари

BiznisPRO

Утре започнува јубилејната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка

BiznisPRO