УЈП објави список кој може да го видат сите: Со имиња и презимиња на луѓе и фирми објавена листа на должници за данок

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка, наведуваат од УЈП.

На Листата на должници бр.11/2023 објавени се 1815 должници – правни лица (повеќе за 32 од претходната листа) и 3683 физички лица (повеќе за 54 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2023 изнесува 9.067.088.954 денари, (повеќе за 872.182.529 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.900.288.661денари, (повеќе за 847.836.009 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 166.800.293 денари (повеќе за 24.346.520 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП објави листа на должници со имиња на луѓе и фирми – Еве кој колку должи за данок

BiznisPRO

Работел прекувремено 28 години без да му платат: На крајот добил отказ откако се разболел

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Не треба да се откажуваме од придобивките од финтек-секторот

BiznisPRO