Чешка ги зголемува даноците

Чешкиот претседател Петр Павел го потпиша економскиот пакет на чешката влада, со кој се воведуваат буџетски кратења и се зголемуваат даноците.

Ова беше направено за да се држи под контрола растечкиот буџетски дефицит.

Потписот на Павел беше последниот чекор пред предлогот на чешката влада, кој претходно беше одобрен од парламентот, да се претвори во закон. Во иднина, Чесите ќе плаќаат повисоки даноци за лекови и алкохолни пијалоци, а чешките компании ќе плаќаат повисоки даноци на корпорации.

Премиерот Петр Фиала претходно изјави дека се неопходни мерки за штедење бидејќи јавниот долг расте со „заканувачки“ темпо, додека претседателот Павел смета дека сегашната ситуација е неодржлива.

Со овие мерки чешката влада очекува да го намали буџетскиот дефицит за 97 милијарди чешки круни (3,94 милијарди евра) следната година и за 150 милијарди круни (6,15 милијарди евра) во 2025 година.

Според тие пресметки, буџетскиот дефицит од 3,5 отсто од БДП, што се очекува годинава, треба да падне на 1,8 отсто од БДП и на 1,2 отсто од БДП во 2025 година.

Данокот на добивка ќе се зголеми за два процентни поени, на 21 процент, а ќе се зголеми и данокот на имот за физичките лица, како и данокот на алкохол, тутун и обложување.

Како што пренесува порталот seznam.cz, чешките синдикати се незадоволни од донесените мерки и за понеделник, 27 ноември, најавуваат едночасовен прекин на работата во стотина компании, меѓу кои и автомобилскиот производител Škoda.

На штрајкот ќе се приклучат и вработените во образованието, здравството и транспортот, а дел од синдикатите најавуваат дека во понеделник ќе штрајкуваат милион луѓе.

Можеби ќе ве интересира...

Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници

BiznisPRO

Доларот зајакна, но еврото падна: Дали Европа треба да се грижи?

BiznisPRO

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO