Познато е кога трга исплатата на помошта на пензионерите: Илјадници пензионери ќе добиваат и до 3000 денари дополнителни пари на своите сметки

„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече неодамна Јованка Тренчевска од МТСП.

Претходно како што објавивме Владата одлучи за пензионерите кои земаат пензија до 14.000 денари да добиваат и 3000 денари дополнителна помош во наредните пет месеци, додека пензионерите кои добиваат пензија од 14 до 16 илјади да добиваат 2000 денари помош, а пензионерите кои добиваат меѓу 16 и 19 илјади денари да добијат 1500 денари.

Можеби ќе ве интересира...

РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата

BiznisPRO

Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии преку Развојната банка

BiznisPRO

Од среда поскапува храната, маслото за јадење за 7 денари

BiznisPRO