Австрија најави ригорозни контроли за балканските земји – Месните производи детално ќе се проверуваат

Австрија најави ригорозни контроли за балканските земји.

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер најави, со оглед на тоа што африканската чума моментално е многу активна во некои балкански земји, дека во наредните недели ќе се воведат приоритетни проверки за патниците од балканските земји, особено од Босна и Херцеговина и Србија.

Имено, приоритетната инспекциска кампања се спроведува во соработка со царината и Министерството за здравство. Целта е „да се создаде свест, особено кај патниците, дека земањето месо од земји кои не се членки на ЕУ е забрането и подлежи на царинење и проверка“, вели Брунер, како што пренесуваат oe24.at и Независне новине.

Австриските медиуми наведуваат дека африканската чума е особено раширена во Босна и Херцеговина, како и во Србија и дека постои реална опасност, особено поради зголемените патувања за време на божиќните и новогодишните празници.

Понатаму се наведува дека преземањето на такви производи, вклучително и сурова шунка, колбаси или намази од месо, од земји надвор од ЕУ е забрането.

Овие месни производи можат да се увезуваат само од земјите членки на ЕУ, се разбира, под услов и таму да бидат подложени на соодветна ветеринарна инспекција.

Можеби ќе ве интересира...

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

BiznisPRO

Цените на храната растат насекаде низ светот, месото е најпогодено

BiznisPRO

Драстично намален откупот и продажба на земјоделски производи во четврто тримесечје од 2023 година

BiznisPRO