WSJ: Извршните директори се загрижени за употребата на дрога на Маск

Директорите и членовите на одборите во компаниите на Илон Маск се загрижени за неговата употреба на дрога, објави Волстрит журнал.

Според извори запознаени со ситуацијата, тие се загрижени бидејќи неговата навика да користи дрога „може да има сериозни последици за неговото здравје, но и за шесте компании и милијарди средства со кои управува“, пренесува Teletrader.

Неименувани извори изјавија за WSJ дека Маск користел кокаин, екстази и психоделични печурки на приватни настани, пушел марихуана на јавно место и дека имал рецепт за кетамин.

Неименувани луѓе блиски до милијардерот велат дека „неговата навика за дроги продолжува, особено кетаминот, и се загрижени дека тоа може да доведе до здравствена криза“.

Можеби ќе ве интересира...

Добри вести: Поевтинуваат горивата

BiznisPRO

Apple се брани: „Нашите 8 GB RAM се како туѓи 16“

BiznisPRO

Познатите производители одлучија: Ќе поскапат најмалку 500 лекови

BiznisPRO