Еве кога ЕЦБ ќе почне да ги намалува клучните каматни стапки: Лагард посочи дека оваа информација е пресудна за тоа

Европската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки кога ќе биде уверена дека инфлацијата се вратила на целта од 2 отсто, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард за ТВ Франс 2.

– Не можам да прецизирам точен датум кога ќе почнат кратењата, истакна Лагард во интервјуто во четвртокот и додаде дека во наредните месеци ќе има нови, попрецизни податоци и врз основа на нив ќе донесе одлука.

Пазарите се со став дека првото намалување ќе се случи веќе во април, додека креаторите на монетарната политика сигнализираат дека е пореално тоа да се случи кон средината на годината.

Со оглед на тоа што инфлацијата остана под 3 отсто по скокот во декември, официјалните лица на ЕЦБ ги чекаат податоците за зголемувањето на платите што треба да се случи на крајот на првиот квартал.

– Мислам дека го поминавме најголемиот, најтешкиот дел, освен ако не се соочиме со нов голем шок кога се во прашање платите, рече Лагард.

– Платите, во однос на преговорите и колективните договори, се во процес на зголемување и на тој начин што ја надминуваат инфлацијата што ја имаме. Во фаза сме на фаќање, а тоа може да потрае две до три години, заклучи таа.

Можеби ќе ве интересира...

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

BiznisPRO

Народната банка започна со редовно објавување податоци за зеленото финансирање

BiznisPRO

По одлуката на САД: Дали треба да инвестирате во биткоин сега?

BiznisPRO