По стапките на Британците: Колку би чинел „Дегзит“?

Алтернатива за Германија (АфД), десничарска партија во подем, сака да ја извади земјата од Европската унија.

Институтот за германска економија (IfW) предупредува дека цената на таквиот чекор е огромна.

Ако Германија ја напушти ЕУ, „може да изгуби околу 10 отсто“ од својот бруто домашен производ, изјави во вторникот за Rheinische Post Кнут Бергман, шеф на берлинскиот огранок на IfW, пренесува dpa.

„Тоа е загуба од 400-500 милијарди евра годишно, што го покажа и студијата за реалните последици од Брегзит“, додаде Бергман. Германија е извозно ориентирана земја и напуштањето на ЕУ би ја погодило тешко, а „покрај тоа, би се заканило и 2,2 милиони работни места“.

Претседателката на АфД, Алис Вајдел неодамна изјави дека нејзината партија, доколку дојде на власт, ќе предложи реформирање на ЕУ и враќање на дел од суверенитетот на членките.

Ако тоа не успее, продолжи таа во интервјуто за Фајненшл тајмс, АфД ќе започне дебата за референдум за излез на Германија од ЕУ, по моделот на Брегзит во 2016 година.

Потегот на Германија да ја напушти ЕУ е широко наречен „Дексит“ исто како што излегувањето на Велика Британија од ЕУ се нарекува „Брегзит“.

Можеби ќе ве интересира...

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите

BiznisPRO

Доаѓаат нови пари за пензионерите и загрозените – Еве кога ќе биде исплатена финансиската помош!

BiznisPRO

А1 ја објави својата новогодишна понуда

BiznisPRO